Vrabotuvanje.com - Каде има најмногу слободни работни места?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Каде има најмногу слободни работни места?

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 2.05 %. (10 .224 слободни работни места)

Каде има најмногу слободни работни места?

Највисока стапка на слободни работни места од 3.11 % има во секторот В – Преработувачка индустрија, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.27 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.41 %.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69 %.

Најголем број слободни работни места, односно 3 072, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде