Vrabotuvanje.com - Од туризам сме заработиле 472 милиони долари за девет месеци
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Од туризам сме заработиле 472 милиони долари за девет месеци

Од туризам сме заработиле 472 милиони долари за девет месеци

Предвидувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за туристичките текови за 2023 година се остваруваат.  Македонската туристичката индустрија може да се пофали со рекордни 471,59 милиони долари прилив во македонската економија за првите три квартала од годинава.

Туристичкиот промет покажа раст и во третиот квартал за 2023 година и изнесува 241,86 милиони долари во македонската економија, со раст од 26,2% споредбено со истиот период 2022 година. Вкупно трите квартали за 2023 година имаат раст од 25% компарирано со периодот од изминатата година, односно 471,59 милиони долари прилив од туристичкиот промет во БДП-то. 

„Веќе не станува збор за закрепнување, туку за туристички сектор во полна кондиција за што сите заедно работевме изминативе три години. Резултатите од првите три квартали не само што даваат право да изјавам дека ќе ги надминеме предвидените 530 милиони долари за 2023, туку и проектираните 550 милиони долари за 2024 година. Чудата се возможни, а тие да се случат потребно е да веруваме во себе и другите и континуирано да постигнуваме ситни, мали победи на секое поле“, потенцираше директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски.

Според него, бројките говорат дека земјава е дестинација за 4 сезони, се продолжува сезоналноста, континуирано се поместуваат целите со фокус не само на квантитет туку и на квалитет. Фокусот е на активните форми на туризам, руралниот и еко туризам, како и зајакнета понуда на ено-гастро концептот. Новите трендови кај потрошувачите создадоа нова туристичка реалност и нови туристички интереси.

извор: mkd.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде