Vrabotuvanje.com - Кванташкиот пазар заминува во историја?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кванташкиот пазар заминува во историја?

Кванташкиот пазар во Скопје долги години беше место на кое што се вршеше откуп на свежо овошје и зеленчук.

Кванташкиот пазар заминува во историја?

Таму на едно место се состанувааа откупувачите, трговците, земјоделците, сопственици на пилјари, ресторани, маркети, сопственици на тезги по зелените пазари.

На кванташкиот пазар овошјето и зеленчукот се продава од камиони, комбиња, импровизирани тезги, монтажни магацини со комори.

Дали овој начин на трговија со овошје и зеленчук ќе биде заменет со нов и посовремен начин и што тоа ќе значи за трговците и земјоделците останува времето да покаже.

Започнат е процесот за изградба на првата логистичко-дистрибутивна платформа во Република Македонија.

Оваа платформа, како стратешка инвестиција, предвидено е да се простира на околу 30.000 метри квадратни и да процесира околу 46.000 тони овошје и зеленчук.

Овој логистички центар во Скопје ќе биде во населбата Гази Баба.

Логистичко-дистрибутивната платформа ќе овозможи организирање и унапредување во снабдувањето со безбедни и свежи прехранбени производи, ќе овозможи поедноставен пристап до пазарот за локална свежа храна и ќе обезбеди логистички и други услуги за земјоделско-прехранбениот сектор, за домашниот и меѓународниот пазар.

Средствата за изградбата на платформата се обезбедени преку Проектот за модернизација на земјоделството, кој се финансира со поддршка од Светска Банка во износ од 46 милиони евра и 4 милиони евра грант од Европската Унија преку ИПА фондовите.

Вакви центри за откуп на земјоделски производи ќе има и во Струмица и Ресен.

Извор: zemjodelie.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде