Vrabotuvanje.com - Во Тафталиџе ќе се градат згради по 35 ката?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во Тафталиџе ќе се градат згради по 35 ката?

Во Тафталиџе  ќе се градат згради по 35 ката?

Комплекс на згради со различна катност, меѓу кои двете највисоки ќе бидат со по 35 ката, поточно со приземје и 34 ката ќе се гради во Тафталиџе на просторот кај поранешната фабрика „Алумина“.  јавува ТЕЛМА

Едната од нив, според предложениот Детален урбанистички план, е наменета за деловни простории, додека другата ќе биде станбена зграда. Покрај нив, на овој простор ќе има и две 14-катници, една десеткатница и две згради на 9 ката, сите наменети за домување.

Според она што може да се види на 3Д приказот во прилог на јавната презентација на ДУП за Градска четврт 3 06, блок 11, објавен на веб-страницата на Општина Карпош, на просторот ќе се изградат модерни згради, со зелени тераси и покриви, а меѓу објектите ќе има зеленило и пешачки патеки.

Станува збор за плански опфат кој се наоѓа меѓу улицата Прашка, булеварите 8 Септември и Митрополит Теодосиј Гологанов, како и новопроектираната улица С6. Предлог ДУП-от во моментов е на јавна анкета, која ќе трае до 15 декември, а на 12 декември ќе се одржи и јавна презентација во просториите на Општината, каде граѓаните кои живеат во овој плански опфат можат да доставуваат и анкетни листови секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.

Извор: Телма

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде