Vrabotuvanje.com - Се намалува бројот на вработени во јавната администрација
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Се намалува бројот на вработени во јавната администрација

Лани државните институции ги напуштиле 3.722 лица – покажува извештајот на Народниот правобранител. За 0,9 насто е намален бројот на вработени Македонци, додека пак, за 0,8 насто има повеќе Албанци во јавниот сектор. Мал број институции го почитуваат начелото за соодветна и правична застапеност – вели омбудсманот...

Се намалува бројот на вработени во јавната администрација

Се намалува бројот на вработени во јавната администрација, лани државните институции ги напуштиле 3.722 лица – покажува извештајот на Народниот правобранител. За 0,9 насто е намален бројот на вработени Македонци, додека пак, за 0,8 насто има повеќе Албанци во јавниот сектор. Мал број институции го почитуваат начелото за соодветна и правична застапеност – вели омбудсманот. Во некои, воопшто нема или има само по еден вработен од помалите заедници. Иако при распишување на огласи за вработување наведуваат од која етничка припадност треба да биде примен кандидатот, сепак при вработувањето не се почитува тоа. Корупцијата е присутна во јавниот сектор и тоа може да ја поткопа стабилноста на општеството – посочува Зибери.

„Насочувањето на сите погледи на странските фактори вклучувајќи ја тука пред сè Европската унија, но и САД, е насочена кон борба против корупцијата во јавниот сектор. Загрижува податокот што граѓаните сметаат дека најкорумпирана структура е токму извршната власт, односно министрите, пратениците, судиите“, изјави народниот правобранител Насер Зибери.

Во јавниот сектор во 2022 година работеле 130.377 лица. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу очекува до средината на јануари да бидат донесени петте закони за реформи во јавната администрација и дигитална трансформација на државата, што беа усвоени на владина седница.

Извор: mrt.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде