Vrabotuvanje.com - Zara воведува нова услуга во 14 европски земји
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Zara воведува нова услуга во 14 европски земји

Шпанскиот синџир за облека Зара планира да ја прошири својата дигитална платформа за продажба, поправка и подарување на половни алишта во уште 14 европски земји.

Zara воведува нова услуга во 14 европски земји

Услугата Pre-Owned е веќе достапна во продавниците на Zara, на веб-страницата и во мобилната апликација во Велика Британија и Франција, пренесува Mina.

Зара најави дека планира да го лансира во Хрватска, Шпанија, Германија, Австрија, Белгија, Словачка, Словенија, Финска, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија и Португалија.

Индитекс, сопственикот на Зара, објави дека има за цел да ја прошири употребата на облеката Зара. Проектот ќе го намали и отпадот и потрошувачката на суровини.

Други брендови за брза мода, како што е главниот конкурент на Zara, H&M, веќе се обидуваат да зграпчат дел од пазарот за користена облека.

Извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде