Vrabotuvanje.com - Ова е најубавиот автомобил за 2023-та година: Во жирито биле шефовите за дизајн во „Audi“ и „Mercedes“!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ова е најубавиот автомобил за 2023-та година: Во жирито биле шефовите за дизајн во „Audi“ и „Mercedes“!

Престижната награда за најубав дизајн на автомобил произведен во 2023-та година ја доби шведскиот „Polestar 4“, електрично „SUV“ купе. Оваа награда ја додели жири-комисија составена од професионални дизајнери на автомобили, а веста е објавена во најновото печатено издание на „Car Design Review“, во сопственост на „Car Design News“.

Ова е најубавиот автомобил за 2023-та година: Во жирито биле шефовите за дизајн во „Audi“ и „Mercedes“!

Овогодишното жири од 16 членови ги вклучувало шефовите на дизајн на „Audi“, „Ford“, „Lamborghini“, „Lucid“ и „Mercedes“.

На ниеден судија не му е дозволено да гласа за сопствениот дизајн, па дури ни за автомобили на други марки во својата група, така што процесот на гласање е направен да биде фер.

„Polestar 4“ е препознатлив и поинаков. Неговиот храбар дизајн е направен со вкус и се гледа дека размислувале за секој детаљ – било кажано од жирито.

Произведувачот „Polestar“ настанал во 1996-та година, а во 2015-та година го купи „Volvo“. Профилиран е како бренд кој е посветен на електрични возила кои го следат врвниот минималистички дизајн и иновативната технологија.

Еве ја листата од топ 10 најубави автомобили за 2023-та година по изборот на ова жири:

1. Polestar 4

2. Kia EV9

3. Volvo EX30

4. Jeep Avenger

5. HiPhi Y

6. Lamborghini Revuelto

7. Ford Explorer

8. Zeekr 009

9. Aion Hyper SSR

10. MG Cyberster

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде