Vrabotuvanje.com - Годинава ќе се журкаме по стари цени, новогодишните менија во кафеаните од 1.000 денари па нагоре
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Годинава ќе се журкаме по стари цени, новогодишните менија во кафеаните од 1.000 денари па нагоре

Високата инфлација и намалената куповна моќ не ги премислија граѓаните да се откажат од предновогодишните забави.

Годинава ќе се журкаме по стари цени, новогодишните менија во кафеаните од 1.000 денари па нагоре

Во некои компаниите овие забави се организирани и платени од менаџментот, а во некои пак вработените сами се организираат и си ги плаќаат од свој џеб.

Кафеанџиите велат дека и покрај зголемените цени на храната, платите на работниците, цените на менијата годинава не се поскапени во однос на лани.

Цените за пакетите за предновогодишните и новогодишните забави во зависност од тоа каков вид на храна и пијалаци е вклучено во цената, како и типот на објектот се движат од 1.000 денари па нагоре.

Во некои компании уште од ноември се знае каде ќе се организираат предновогодишната прослави, во други пак се чека 5 минути до 12. Сепак, најголем дел од прославите се организираат последната недела пред Нова година кога традиционално се бара место плус во реномираните угостителски објекти во градот.

Целиот текст прочитајте го на: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде