Vrabotuvanje.com - Вечна дилема: Дали да одберете автомобил со автоматски или мануелен менувач?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Вечна дилема: Дали да одберете автомобил со автоматски или мануелен менувач?

Автоматските менувачи во автомобилите го имаат својот пик. Во голем дел од модерните автомобили повеќе од задоволителна е улогата која ја имаат, и од генерација во генерација работат се подобро. Побрзи се од мануелните, добро се согласуваат со навиките на возачот, и траат долго со нивно редовно одржување.

Вечна дилема: Дали да одберете автомобил со автоматски или мануелен менувач?

Исто така се присутни се повеќе електрични автомобили, што води до промена на навика кога се во прашање менувачите. Меѓутоа меѓу возачите главно и натаму има оние кои се за мануелен.

Големите брендови бараат начини како да ги задржат купувачите кои повеќе сакаат менуални менувачи, а истовремено да го следат трендот на современите технологии.

Затоа некои компании како „Тојота“ планираат да патентираат симулатор на мануелен менувач на своите електрични возила, кој може да има до 14 брзини, но дебата за тоа кој тип на менувач е подобар и натаму е присутна.

Извор: mk.tv21.tv

 
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде