Vrabotuvanje.com - Новогодишна програма за сечиј вкус во Охрид: Градот ги отвора вратите за туристите
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Новогодишна програма за сечиј вкус во Охрид: Градот ги отвора вратите за туристите

На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во организација на локалната власт ќе се одржува неколкудневна новогодишна програма за туристите во градот.

Новогодишна програма за сечиј вкус во Охрид: Градот ги отвора вратите за туристите

Детски претстави, диџеи, забавна и народна музика се во склоп на годинашната новогодишна програма на градот, која како што велат туристичките работници, содржи по нешто за сечиј вкус.

Програмата започнува на 28 декември со „Светот на Биби“, а за новогодишната ноќ ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, Татијана Стефановска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“. На 1-ви јануари 2024 г. точно на пладне ќе настапат групата „Балкан џем“ и Драган Мијалковски.

Огромен е интересот за хотелските аранжмани на охридското крајбрежје, забава ќе има и во затворениот простор на угостителските капацитети. Се очекуваат гости од Грција, Бугарија, Турција, Србија, Црна Гора и од Албанија, како и домашни гости.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде