Vrabotuvanje.com - Од следната година во Грција: За пет илјади евра можен влез во Акропол и после работното време
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Од следната година во Грција: За пет илјади евра можен влез во Акропол и после работното време

Оваа мерка е дел од ревизијата на политиката за посети на археолошки локалитети и музеи, која ќе се прошири и на други места од април 2025 година.

Од следната година во Грција: За пет илјади евра можен влез во Акропол и после работното време

Претставничката на грчкото Министерство за култура, Николета Дивари-Валаку, вчера изјави дека новата ексклузивна понуда за посета на Акропол ќе се состои од најмногу четири групи од по пет лица и ќе чини 5.000 евра по група, а ќе може да се оди на турнеја индивидуално, но по цена на целата група.

„Одлучивме да ја воведеме оваа мерка затоа што има побарувачка, луѓето побараа ваква понуда, која нема негативно да влијае на архолошкиот локалитет, згора на тоа, ќе придонесе за подобра промоција на Акропол, а приходот ќе се користи за инвестиции во културни проекти и споменици“, појасни Дивару-Валаку.

Специјалните посети, со сертифицирани водичи, ќе траат два часа - наутро од 7 до 9 часот, пред отворањето и од 20 до 22 часот по затворањето на Акропол.

Таа додаде дека, ако се оди како што треба, програмата треба да вклучи и други големи археолошки локалитети во Грција од 2025 година.

Извор: vecer.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде