Vrabotuvanje.com - Од март идната година ново зголемување на минималната плата
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Од март идната година ново зголемување на минималната плата

Од месец март идната година минималната плата која ќе се исплаќа за вработените во Македонија ќе изнесува 22.500 денари. Ова е повеќе од двојно зголемување од минималната плата која беше исплаќана во 2017 година.

Од март идната година ново зголемување на минималната плата

За 6 години минималната плата се зголеми 4 пати, а во 2024 следи ново покачување. Прво се зголеми на 12.000, потоа на 15.200 денари, па на 18.000, а од оваа година таа изнесува 20.175 денари. Растот на минималната плата поттикнува и раст и на останатите плати. Полека се исправа неправдата, работникот да добие достоинствена плата за работата што ја извршува. Пред само неколку години минималната плата изнесуваше само 8.800 денари, а околу 90.000 работници во чевларската, текстилната и кожната индустрија беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум.

Минималната плата важи за вработените во сите стопански гранки, а со донесеното законско решение, ќе расте секоја година, во март.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде