Vrabotuvanje.com - Пари открива: Дали е исплатливо да се работи во германска фирма во Македонија?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Пари открива: Дали е исплатливо да се работи во германска фирма во Македонија?

Најголемите 10 компании по број на вработени, а со германски сопственик, имале 12.052 вработени работници во 2022 година. Во истите овие компании во 2021 година имало 10.879 вработени, што значи дека најголемите германски работодавачи станале уште поголеми.

Пари открива: Дали е исплатливо да се работи во германска фирма во Македонија?

Германските работодавачи се значајни во македонското стопанство, а во над двесте компании коишто работат тука, има околу 20.000 вработени.

Порталот Пари анализира кои се најголемите германски работодавачи според бројот на вработени и дали се исплати да се работи во некоја германска компанија. Вкрстувањето на податоците покажува дека само една од ТОП десетте компании со најголеми плати е во групата ТОП 10 најголеми работодавачи со германски сопственик.

Податоците од БизнисМрежа.мк покажуваат дека работењето во малите компании со германски сопственик е најпрофитабилно. Тоа е очекувано, со оглед на фактот дека трудоинтензивните гранки секогаш се помалку платени.

Најсреќни се оние што работат во СНК теамс. Таму просечната нето-плата минатата година изнесувала 129.713 денари, а имало 11 вработени.

„СНК е компанија што комбинира стратегија, корисничко искуство, технологија и маркетинг, за да создаде извонредни искуства на клиентите. Нивната заложеност е да се зајакне интеракцијата меѓу компаниите и нивните клиенти, како и оживување на брендовите и производите“, пишува во претставувањето на оваа компанија од страна на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

Најниска плата меѓу десетте работодавачи со германски сопственик што давале највисоки плати е во Друштвото за инженеринг и консалтинг Коленко. Таму имало 10 вработени, а просечната нето-плата била 66.862 денари.

Со повеќе вработени меѓу германските работодавачи што давале највисоки плати е Еколог од Тетово. Таму лани имало 170 вработени, а просечната нето-плата им била 89.694 денари. Компанијата е во дејност Вода, отпад и санација на околина.

Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде