Vrabotuvanje.com - Автомобили без возачи во Велика Британија до крајот на 2026 година
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Автомобили без возачи во Велика Британија до крајот на 2026 година

Автомобили без возачи би можеле да се најдат на некои патишта во Велика Британија до крајот на 2026 година, пишува Би-Би-Си.

Автомобили без возачи во Велика Британија до крајот на 2026 година

Секретарот за транспорт Марк Харпер рече дека очекува возењето на автопилот да биде возможно до крајот на таа година.

Минатиот месец, владата објави планови за нова легислатива што ќе донесе автоматско возење на патиштата во Велика Британија, но многумина го критикуваа, велејќи дека може да предизвика сериозни несреќи доколку технологијата не е подготвена.

Харпер рече дека лично ја видел технологијата што се користи во Калифорнија, додавајќи дека сака луѓето да имаат „доверба“ во правилен безбедносен режим.

Тој инсистираше на тоа дека технологијата ќе биде воведена „постепено“ и дека ќе зависи од поединците дали сакаат да ја користат.

Според него, очигледно е дека 88 отсто од сообраќајните несреќи се предизвикани од грешка на возачот.

„Постои реален потенцијал за овој вид технологија навистина да ја подобри безбедноста на патиштата, не само за возачите, не само за патниците, туку и за другите ранливи учесници во сообраќајот – пешаците, велосипедистите – навистина да ја подобрат безбедноста на патиштата, што е навистина победничка. за сите.“ – рече Харпер.

Извор: mk.tv21.tv
 
 
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде