Vrabotuvanje.com - Србија го враќа задолжителниот воен рок?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Србија го враќа задолжителниот воен рок?

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ најави укинување на суспензијата на воениот рок, како и задолжителното служење на истиот.

Србија го враќа задолжителниот воен рок?

Генералштабот на вооружените сили на Србија ќе покрене иницијатива до претседателот на Србија, како врховен командант, а потоа преку поширока дискусија до Народното собрание, да ја укине одлуката за суспензија на задолжителниот воен рок, односно повторно активирање на законските одредби, законот со кој се дефинира задолжителниот воен рок. Со тоа што предлогот на Министерството за одбрана е и за тоа воениот рок да не биде подолг од четири месеци – најави тој.

Како што рече, тоа е работа на стручните служби на Министерството за одбрана.

Зошто се активира нашата иницијатива? Затоа што е направена безбедносна проценка во земјава. По 13 години имаме потреба од пополнување на резервниот тим. Вооружените сили ги напуштивме 13 генерации, немаше задолжителен воен рок. Нашите безбедносни потреби се да имаме нови регрути кои секогаш се подготвени да ја чуваат земјата. Ги разбираме безбедносните ризици. Тоа не е само потреба карактеристична за Србија, многу европски земји го активираат задолжителниот воен рок, посочува Вучевиќ.

Извор: republika.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде