Vrabotuvanje.com - Метеж, турканици и револт-редици граѓани со часови чекаат за нови документи
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Метеж, турканици и револт-редици граѓани со часови чекаат за нови документи

Редици револтирани граѓани поради долгото чекање на пунктот за лични документи на МВР кај полициската станица „Пролет“. Велат дека со часови стојат на ладното време за да дојдат на ред да ја завршат постапката…

Метеж, турканици и револт-редици граѓани со часови чекаат за нови документи

И најавите дека е можно пролонгирање на рокот за замена на личните документи не ги премислија граѓаните да ја завршат оваа обврска. На минусни температури чекаа во ред.

Сликата пред пунктот „Пролет“, каде што се врши сликање без закажување е позната иста-метеж, турканици и револт.

Метеж има и при подигнување на готовите документи. Премиерот Ковачевски вели дека го очекува разговорот на македонскиот претседател со неговата грчка колешка за евентуална промена на рокот што истекува на 12-ти февруари, зашто станува збор за меѓународно преземена обврска.

Извор: mrt.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде