Vrabotuvanje.com - По расправија со сопругата, излегол да се „издува“, па пешачел 450 километри
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

По расправија со сопругата, излегол да се „издува“, па пешачел 450 километри

За време на пандемијата на коронавирус ширум светот беше страшно, а во исто време се случуваа и многу смешни ситуации. Една од нив е епската прошетка на Италијанец кој се скарал со сопругата.

По расправија со сопругата, излегол да се „издува“, па пешачел 450 километри

Италијански пар од Комо се скарале, а мажот излегол од куќата и едноставно отишол да се релаксира.

Имено, Италијанецот во 2020 година пешачел 450 километри.

Полицијата забележала 48-годишен маж на Фано и го запрела бидејќи веќе било два часот по полноќ и поминал полицискиот час. Мажот веќе пешачел една недела откако го напуштил својот дом во Комо, кој се наоѓа во северна Италија во близина на швајцарската граница.

„Овде дојдов пешки, не користев превоз“, рекол човекот.

„Попатно сретнав луѓе кои ми нудеа храна и пијалок. Добро сум, само малку сум уморен“, рекол Италијанецот кој во текот на својата епска прошетка во просек поминувал по 60 километри дневно и ја насмеал полицијата.

Извор: info.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде