Vrabotuvanje.com - Докторка открива колку често треба да се перат шалот и ракавиците: Опасните вируси брзо се шират
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Докторка открива колку често треба да се перат шалот и ракавиците: Опасните вируси брзо се шират

Иако многу луѓе немаат навика често да перат капи, шалови и ракавици, тие грешат и го ризикуваат сопственото здравје. Еден лекар решил да стави крај и ги предупредил луѓето.

Докторка открива колку често треба да се перат шалот и ракавиците: Опасните вируси брзо се шират

Колку често треба да се перат шалот и ракавиците?

„Зимските модни додатоци треба да се перат три до пет пати во сезона. Предметите како ракавици кои често доаѓаат во допир, на пример, со копчиња од лифт, врати, рачки на вратите и слично, треба да се перат еднаш неделно“, советува докторката Џамила Јусуф.

Доколку не ви се перат ракавиците, лекарот советува да имате неколку пара и да ги менувате во текот на неделата за да им дадете време на честичките од вирусот да исчезнат, пишува Еспресо.

Истото важи и за шалот и марамите, бидејќи се околу вратот, па често се случува и други луѓе да дишат во шалот кога, на пример, сте во јавен превоз или сте стиснати некаде.

Освен за зимска облека за која е потребно хемиско чистење, перењето во најжешката вода препорачана од производителот, со детергент и белило (на ткаенини што дозволуваат белило), ќе го убие секој вирус.

Извор: popara.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде