Vrabotuvanje.com - Аеродромот во Истанбул ја задржа титулата „најфреквентен во Европа“ во 2023 година
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Аеродромот во Истанбул ја задржа титулата „најфреквентен во Европа“ во 2023 година

Аеродромот во Истанбул е прогласен за најфреквентен аеродром во Европа втора година по ред со просечни 1.375 летови дневно, се вели во извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (Евроконтрол) за 2023 година.

Аеродромот во Истанбул ја задржа титулата „најфреквентен во Европа“ во 2023 година

Просечниот дневен број на летови на аеродромот во Истанбул во 2023 година е зголемен за 19 отсто во однос на претходната година, а на 22 јуни е поставен нов рекорд со 1.684 летови.

Според извештајот, на второ место е аеродромот Схипхол во Амстердам со просечни 1.255 летови, Лондон Хитроу со 1.251 лет, Париз Шарл де Гол со 1.247 летови и аеродромот Франкфурт со 1.179 летови, пишува Daily Sabah.

Извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде