Vrabotuvanje.com - АКО СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА РАБОТА ВО СЛОВЕНИЈА: Државата ги олеснува процедурите
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

АКО СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА РАБОТА ВО СЛОВЕНИЈА: Државата ги олеснува процедурите

Странците полесно ќе можат да се вработат во Словенија. Државата предлага законски измени со кои се олеснува вработувањето странски работници.

АКО СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА РАБОТА ВО СЛОВЕНИЈА: Државата ги олеснува процедурите

Словенечкото Министерство за труд предложи измени во Законот за вработување, самовработување и работа на странци, со кои ќе се усогласи со правото на Европската Унија и ќе се овозможи сезонската работа на странците да се прошири и на туризмот и угостителството. Со предложените измени, кои ќе бидат на јавна расправа до 6 февруари, се проширува терминот „сезонска работа“, кој досега беше ограничен само на земјоделството и шумарството, и во секторот туризам и угостителство, јави СТА.

Предлогот го намалува минималното потребно времетраење на договорот за странски работници за висококвалификувано вработување од една година на шест месеци.

Министерството за труд ќе им дозволи на странците кои престојуваат во Словенија од други причини освен од работа, да се вработат врз основа на дозвола за привремен престој и информативен лист издаден од Заводот за вработување. Во ситуација на рекордно ниска невработеност, работодавците имаат недостиг на работна сила.

Во меѓувреме, се олеснува и движењето на работната сила во земјите од Отворен Балкан. 

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде