Vrabotuvanje.com - Малите станови во Скопје достигнуваат и до 2.500 евра за квадрат
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Малите станови во Скопје достигнуваат и до 2.500 евра за квадрат

Моменталната цена од околу 2.000 евра за метар квадратен во Скопје ќе се задржи, а можно е и да се зголеми со оглед на големата побарувачка.

Малите станови во Скопје достигнуваат и до 2.500 евра за квадрат

Вакви се очекувањата на градежните експерти според кои инвестирањето во станови стана добар бизнис кој носи голем профит.

Тоа го осетија големите трговски компании кои станаа инвеститори и почнаа да вршат трговија со становите. И од агенциите за недвижности велат дека не само што не се намалува, напротив цената на квадратот и понатаму расте поради големата побарувачка. Помалите станови достигнуваат цена и до 2.500 евра за квадрат.

Становите од околу 40 метри квадратни достигнуваат цена од 100.000 евра, а гарсониерите од околу 30 квадрати се продаваат за над 60.000 евра.

Факт е дека она што сега може да се купи за одредена сума, значеше многу поголема недвижност пред неколку години. Поскапувањето генерално се случи со војната во Украина кога значително се зголемија цените на градежните материјали. Од агенциите додаваат дека растот на цените на становите не е карактеристичен само за Скопје, туку за сите поголеми градови во регионот.

Целиот текст прочитајте го на: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде