Vrabotuvanje.com - Последниот ден од јануари ведар, сончев и сув – наредните денови температурите во пораст
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Последниот ден од јануари ведар, сончев и сув – наредните денови температурите во пораст

Сончево време со слаб до умерен северен ветер – вакво време, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува денеска во земјава.

Последниот ден од јануари ведар, сончев и сув – наредните денови температурите во пораст

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од -11 до -3 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 3 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец.

Температурите во главниот град ќе се движат од минимални -5 до максимални 10 степени.

За утре УХМР прогнозира студено утро со услови за магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала облачност која ќе се зголемува во вечерните часови.

Во деновите што следат, особено за време на викендот и на почетокот на следната седмица, дневните температури ќе бидат во пораст.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде