Vrabotuvanje.com - Гужва на Табановце: Претпоследен викенд за поминување граница со стари документи
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Гужва на Табановце: Претпоследен викенд за поминување граница со стари документи

Колони возила чекаат на граничниот премин „Табановце“ за влез во Србија. Граѓаните велат дека се чека и по повеќе од еден час. На фотографиите и видеата кои ги испратија читатели до редакцијата на Макфакс се гледа дека сите ленти се преполни со возила.

Гужва на Табановце: Претпоследен викенд за поминување граница со стари документи

Гужвите најверојатно се должат на фактот што ова е претпоследен викенд за поминување граница со стари документи без „Северна“, а веќе од 12 февруари, граѓаните кои немаат документи со новото уставно име, нема да може да излезат од државата.

Дека станува збор за километарски колони, видливо е и од алатката Google Maps.

На фотографиите кои пристигнаа до редакцијата на Макфакс, видливи се и неколку кучиња скитници кои слободно се движат помеѓу возилата, со што е загрозена и нивната безбедност.

Извор: kajgana.com

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде