Vrabotuvanje.com - Во среда штрајк на Луфтханза, дали ќе има одложување или пренасочување на летовите од скопскиот аеродром?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во среда штрајк на Луфтханза, дали ќе има одложување или пренасочување на летовите од скопскиот аеродром?

Германскиот гигант Луфтханза во среда почнува со штрајк. Главните барања на синдикатот се поголеми плати поради зголемените животни трошоци но и поголемиот обем на работа поради недоволен кадар. Ова не е прв штрајк на Луфтханза. Во 2022 година копнениот персолан на Луфтханза стапи во штрајк каде го парализира целокупниот транспорт.

Во среда штрајк на Луфтханза, дали ќе има одложување или пренасочување на летовите од скопскиот аеродром?

Штрајкот треба да започне во 4 часот наутро во среда и да трае до 7:10 часот во четврток, се вели во соопштението на синдикатот. Аеродромите во Франкфурт, Минхен, Хамбург, Берлин и Дизелдорф ќе бидат погодени.

До аеродромот во Франкфурт, Луфтханза лета и од скопскиот аеродром па затоа не би било чудно да има одложувања или пренасочување на овие летови, и затоа се препорачува оние граѓани кои ќе патуваат за Германија преку оваа авиокомпанија навреме да се информираат дали нивниот лет ќе биде одложен или пренасочен.

Синдикатот на Луфтханза бара зголемување на платите за 12,5 отсто за 25.000 работници или најмалку 500 евра месечно повеќе во период од 12 месеци, плус еднократна исплата од 3.000 евра за компензација на инфлацијата.

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде