Vrabotuvanje.com - СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА ТРЕБА ДА ЈА ЗНААТ ОВАА ИНФОРМАЦИЈА: Поскапени се патарините, а ова се новите цени
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА ТРЕБА ДА ЈА ЗНААТ ОВАА ИНФОРМАЦИЈА: Поскапени се патарините, а ова се новите цени

СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА ТРЕБА ДА ЈА ЗНААТ ОВАА ИНФОРМАЦИЈА: Поскапени се патарините, а ова се новите цени

Во пресметката на трошоците за следниот одмор, доколку летувате во Грција, треба да го вклучите и поскапувањето на патарините.

Во просек изнесува нешто повеќе од 7,5 отсто, што би значело дека на грчките патарини ќе треба да платите и до три евра повеќе од претходната година. Надлежните најавуваат дека позабележителен скок на цените ќе има следната и следната година.

Цената зависи, се разбира, од делот во кој патувате. Така од Солун до Атина наместо 31,35 евра се плаќа 33,75 евра, додека од Атина до Патра сегашната цена е 12,7 евра, а била 11,8. Оние кои ќе ја користат комплетната релација Каламата - Атина ќе платат 15 евра, што е зголемување за 1,05 евра, а од Атина до Јанина наместо 38,25, колку што чинеше во 2023 година, мора да подготват 51,15 евра.

Станува збор за суми кои покриваат целосни делници, а  туристите кои имаат намера да летуваат на Халкидики или Тасос, секако, ќе плаќаат значително помалку, па поскапувањето нема значително да се одрази на нивниот буџет.

Она што е интересно е иницијативата на Здружението на хотелиери на Грција, кои бараат од грчката влада да воведе мерки за намалување на метежот на границата и туристите да можат побрзо да стигнат до своите дестинации. Тие предлагаат да се изградат капацитети и да се прошират граничните премини, а во текот на сезоната да се вработат повеќе кадри и работна сила да се направи сè да оди многу побрзо.

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде