Vrabotuvanje.com - Листовите на ова зимзелено растение ќе ви ги решат здравствените проблеми
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Листовите на ова зимзелено растение ќе ви ги решат здравствените проблеми

Листовите на ова зимзелено растение ќе ви ги решат здравствените проблеми

Пролетта е во февруари и често слушаме како некој кашла или кива, а да не зборуваме за затнат нос. Чаеви, одмор, медот, најчесто тоа е она по што најчесто прибегнуваме прво, но не е секогаш толку ефикасно.

Наместо да ја посетите блиската аптека за да купите пастили или сируп за вашата упорна кашлица и болки во грлото, понекогаш е подобро да погледнете во вашата фиока и да подготвите многу едноставен и природен сируп кој ќе ги реши сите ваши тегоби.

Ловоровите листови често се користат во кујната како додаток на јадењата, давајќи им посебна арома, а етеричното масло од ловор е одлично за вдишување и дезинфекција на просториите, особено за време на сезоната на грип.

Листовите на ова зимзелено растение се богати со различни минерали, витамин Б и се одличен избор за заштита на имунитетот поради нивното антисептично и антиинфламаторно дејство.

За подготовка на сирупот потребни се само три состојки и тоа: ловоров лист, вода и кафеав шеќер или мед.

Состојки за сируп:

  • 6 парчиња сушен ловоров лист
  • 1 лимон
  • 3-4 лажички кафеав шеќер или мед

Подготовка:

Во сад сварете 2,5 dcl вода.

Додадете 6 сушени парчиња ловоров лист во водата и варете покриено 5 до 10 минути.

Извадете ги листовите и префрлете ја течноста во друг сад.

Во сад измешајте шеќер и сок од еден лимон и сè убаво измешајте.

Земете една кафена лажичка од сирупот до три пати на ден, особено при силни напади на кашлање.

извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде