Vrabotuvanje.com - Има ли крај на трговските измами, на производот стои 50% попуст, а на каса пресметуваат само 30%!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Има ли крај на трговските измами, на производот стои 50% попуст, а на каса пресметуваат само 30%!

Ќе им се стави ли крај на трговските измами?

Има ли крај на трговските измами, на производот стои 50% попуст, а на каса пресметуваат само 30%!

И покрај тоа што пред една година се донесе нов Закон за заштита на потрошувачите, кој, меѓу другото, имаше цел да стави ред во трговијата, потрошувачите сè уште се соочуваат со разни трговски измами. Една цена на рафт, а друга на каса е редовна појава барем кога се работи за прехранбените производи, но често се случува и во продавниците во кои се продава гардероба. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи дека пишува на производот дека има попуст 50 отсто, а на каса пресметуваат само 30 отсто.

Во шопинг-моловите и во продавниците низ градот, во пол ек се попустите на зимска гардероба. Излозите се излепени со плакати на кои пишува „тотална ликвидација“, „зимска чистка“, а во некои продавници, попустите се движат и до 80 отсто, но реално изнесуваат многу помалку. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи дека попустите не се реални и оти на голем дел од производите, попустите се ставени од ракав. На производот пишува дека има попуст 50 отсто, а на каса пресметуваат само 30 отсто. Голем дел од потрошувачите не го забележуваат тоа, но има и такви што добро знаат математика, па може да пресметаат на самото место колкав е попустот и која е цената со попуст.

Целиот текст прочитајте го на: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде