Vrabotuvanje.com - Холандија е единствената земја од ЕУ каде пиците поефтинија!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Холандија е единствената земја од ЕУ каде пиците поефтинија!

Цените на пиците и питите во Европската унија во декември минатата година биле за 5,9 отсто повисоки во однос на истиот месец од 2022 година, објави Евростат.

Холандија е единствената земја од ЕУ каде пиците поефтинија!

Во претходниот период, од декември 2021 до декември 2022 година, цените на пиците и питите се зголемени за 15,9 отсто, од што произлегува дека и во оваа категорија се намалува инфлацијата.

Во текот на изминатата година, пиците и питите најмногу поскапеле во Унгарија, за 13,4 отсто, Луксембург за 11,3 отсто и Латвија за 10,6 отсто.

Холандија е единствената земја во Европската унија каде пиците и питите поевтинија за 0,9 отсто, а многу скромен пораст на цените е забележан во Данска за 0,6 отсто и Белгија за еден отсто.

Евростат ја објави оваа статистика по повод Светскиот ден на пицата, кој се одбележува на 9 февруари.

Извор: vecer.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде