Vrabotuvanje.com - Цената на гаражите во Скопје скокна до 10.000 евра, а се продаваат како алва
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Цената на гаражите во Скопје скокна до 10.000 евра, а се продаваат како алва

Цената на гаражите во Скопје скокна до 10.000 евра, а се продаваат како алва

Ако сакате да купите гаражно место во главниот град, подгответе се да платите и до 10.000 евра.

Ова е цената што ја бараат некои инвеститори за гаражи во новите згради во центарот на Скопје. За споредба, пред неколку години, можевте да купите гаража за 3-4.000 евра.

„Цената на гаражата зависи од местоположбата и вредноста на зградата. Точно дека во моментов скоро и да нема гаража поевтина од 6.000 евра. Тоа е поради големата побаруавчка и малиот број на слободни гаражи”, вели инвеститор на неколку згради во Скопје кој сакаше да остане анонимен.

Според него, гаражите се продаваат брзо и лесно, бидејќи секој сака да има свое паркинг место, особено во деловите на градот каде што паркирањето е проблематично.

„Гаражите се инвестиција, не трошок. Со гаража, вие си ја зголемувате вредноста на станот и си го обезбедувате комфорот и безбедноста на возилото”, додава нашиот соговорник.

Но, не сите се согласни со оваа логика. Градежните експерти сметаат дека треба да стане пракса во цената на станот што го купувате да биде автоматски вклучена и цената на гаражата.

„Тоа би било почесно и поефикасно. Така, секој купувач ќе знае колку вистински чини станот, а не да се изненадува со дополнителни трошоци за гаража. Исто така, тоа би помогнало да се воведе ред на паркингот и да не се доведуваме во ситуација некои станари да поседуваат неколку гаражи, а некои да немаат ниту една”, велат експертите.

Граѓаните, пак, се жалат дека цената на гаражите е енормно висока и дека скоро се изедначува со цената на становите.

„Јас платив 7.000 евра за гаража во нова зграда во Карпош. Тоа е скоро четвртина од цената на мојот стан. Мислам дека тоа е премногу и дека инвеститорите ја користат ситуацијата”, вели Ангелна Митровска, станарка во нова зграда.

Сличен проблем има и Филип Василевски од Центар.

„Јас не можам да си купам гаража, бидејќи немам толку пари. Морам да паркирам на улица или да плаќам месечен билет во јавна гаража. Но, и тоа е скапо и несигурно. Секој ден се плашам дали ќе го најдам автомобилот на местото каде што го оставив”, вели нашиот соговорник.

Инаку, вообичаената големина на паркинг просторот изнесува 15 квадратни метри, односно 3 со 5 во затворен простор и 2.5 со 5 метри на отворен простор.

Купувањето гаража, на пример, во Тетово, каде што тешко може да се најде паркинг простор на отворено чини повеќе од 10.000 евра.

Во Штип, пак, гаражите се продаваат по цена од 6.000 до 8.000 евра.

извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде