Vrabotuvanje.com - ВО ОВАА ЗЕМЈА СЕ РАБОТИ 6 ЧАСА НА ДЕН, А ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е 5.300 евра: Секој Македонец би сакал толкав одмор и минимум 2.300 евра
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ВО ОВАА ЗЕМЈА СЕ РАБОТИ 6 ЧАСА НА ДЕН, А ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е 5.300 евра: Секој Македонец би сакал толкав одмор и минимум 2.300 евра

ВО ОВАА ЗЕМЈА СЕ РАБОТИ 6 ЧАСА НА ДЕН, А ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е 5.300 евра: Секој Македонец би сакал толкав одмор и минимум 2.300 евра

Иако е најмалата земја во Скандинавија, Данска е позната по својот одличен систем на социјална држава и општото ниво на среќа меѓу населението. Исто така, прогласена е за најсреќна земја на светот, а тоа не е чудно, бидејќи условите за живеење таму се речиси идеални.

Условите за работа во Данска се такви што секој од нас би ги сакал. Минималната плата во оваа земја е околу 2.300 евра, а просечната плата околу 5.300. Данците имаат минимум пет недели годишен одмор, а работат во просек по шест часа дневно.

Работното време е главно флексибилно, а повеќе од 70 отсто од работниците се во синдикатите. Менаџерите и работниците тесно соработуваат во донесувањето на сите одлуки.

Она што особено ги радува сите вработени е петокот, кој најчесто е „резервиран“ за дружење, најмногу со пиво.

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде