Vrabotuvanje.com - Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Четиричлена македонска група планинари успешно ја завршија експедицијата во Јужна Америка и се искачија на највисокиот планински врв Аконкагва на 6962 метри.

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Планинарот Зоран Николов, член на ПСК „Осогово“ од Кочани, заедно со своите колеги Филип Христов, Зоран Успрцов и Лазе Миновски, како и двајца планинари од Република Србија во средата попладне по локално време стигнале на највисоката точка на Андите, на аргентинско-чилеанската граница.

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка  - 24info.mk

-Горди сме што експедицијата ја оствари крајната цел и го развиори македонското знаме на највисокиот врв на јужната земјина полутопка. Искачувањето поминало според зацртаниот план, по карпест терен и без многу снег, со минусни температури иако таму е лето, а на врвот ги дочекал убав сончев ден. Тоа што на многу други планинари досега не им успеало и се откажале од искачување, нашите момци го исполнија и им честитаме на успехот, истакна Тошо Антов, претседател на ПСК „Осогово“.

МАКЕДОНЦИ ЈА ОСВОИЈА АКОНКАГВА: Македонското знаме со сонцето се развиори  на највисокиот врв во Јужна Америка – Denesen.mk

Подготовките за реализирање на експедицијата во Јужна Америка, нашите планинари ги направиле во изминатите неколку месеци на домашни врвови, а поддршка им обезбедија матичните планинарски клубови и локалниот бизнис сектор.

Планинарот Николов минатата година беше дел и од експедицијата која за пет дена се искачи на петте највисоки врвови во Италија, Швајцарија и Словенија.

Извор: a1on.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде