Vrabotuvanje.com - НАСА бара доброволци кои ќе симулираат живот на Марс: Апликациите се отворени до 2 април
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

НАСА бара доброволци кои ќе симулираат живот на Марс: Апликациите се отворени до 2 април

НАСА бара доброволци кои ќе симулираат живот на Марс: Апликациите се отворени до 2 април

Американската вселенска агенција НАСА бара четворица мотивирани кандидати за едногодишна симулација на живот на црвената планета.

Почнувајќи од пролетта 2025 година, четворица волонтери ќе поминат 12 месеци на „Mars Dune Alpha“ во Хјустон, локација за симулација со големина од околу 160 квадратни метри, моделирана по замислена станица за истражување на Марс, објави НАСА во петокот.

Истражувачката станица е модуларна 3Д печатена структура во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.

Програмата ќе ги симулира предизвиците на мисијата на Марс, вклучувајќи ограничувања на ресурси, дефекти на опремата, доцнење во комуникацијата и стресни фактори на животната средина. Задачите на екипажот вклучуваат симулирани вселенски прошетки, роботски операции, одржување на живеалиштата, вежбање и одгледување култури.

Ова е втора ваква симулација која е дел од програмата на НАСА „CHAPEA“ (Crew Health And Performance Exploration Analog) која има за цел да се подготви за мисии на Марс.

Апликациите се отворени до 2 април, а кандидатите треба да имаат диплома по природни науки, да бидат на возраст меѓу 30 и 55 години, „здрави, мотивирани“, непушачи и да се државјани на САД или постојани жители. Тие исто така мора течно да зборуваат англиски.

извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде