Vrabotuvanje.com - Пасошите со старото име сепак никој веќе не ги прифаќа
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Пасошите со старото име сепак никој веќе не ги прифаќа

Пасошите со старото име на државата повеќе не важат за патување во странство. Имаше конфузија во јавноста дека некои европски земји ги прифаќаат, но заменик-министерот за внатрешни работи вели дека за тоа да се случи мора да се смени законот. Доколку нема промена, граѓаните мора да добијат документи со новото име на државата.

Пасошите со старото име сепак никој веќе не ги прифаќа

Во меѓувреме, за да добијат пасоши граѓаните со часови чекаат пред шалтерот дури и за документ со забрзана постапка.

Граѓаните со кои разговаравме велат дека се принудени да чекаат и да платат три пати повеќе, бидејќи само така се добиваат пасоши, велат од Алсат

„Го добив пасошот.
-Со забрзана постапка?
Да.
-Колку време траеше?
Два или три дена.
-Зошто се решивте за брза постапка?
Затоа што треба да патувам на крајот на месецот.
-Дали е ова најлесниот начин да се добие?
Да, бидејќи инаку има многу чекања, никој не одговара на телефонот за термин“, вели еден граѓанин.

Сè уште нерешен проблем останува нефункционалната телефонска линија за закажување термини.

Според МВР, околу 1 милион и 300 илјади граѓани имаат нови пасоши, но стотоци илјади други и понатаму не.

Извор: alsat.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде