Vrabotuvanje.com - Веднаш избришете ги овие апликации: Крадат банкарски податоци, преземени се 200.000 пати
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Веднаш избришете ги овие апликации: Крадат банкарски податоци, преземени се 200.000 пати

Веднаш избришете ги овие апликации: Крадат банкарски податоци, преземени се 200.000 пати

Објавен е извештај за пет малициозни апликации кои се доста популарни во европските земји.

Овие апликации беа преземени стотици илјади пати и го содржеа банкарскиот тројанец „Anatsa“. Ги открила компанијата ThreatFabric, која за Bleeping Computer октрила за кои апликации станува збор.

Најтаргетирани корисници се во Велика Британија, Чешка, Германија, Словачка, Словенија и Шпанија. Најпрво на мета беа само корисниците на Samsung, но подоцна и други.

Ова се следните апликации:

1. Phone Cleaner – File Explorer
2. PDF Viewer – File Explorer
3. PDF Reader – Viewer & Editor
4. Phone Cleaner: File Explorer
5. PDF Reader: File Manager

Лажните апликации беа маскирани како да читаат PDF-датотеки или чистење на телефонот и беа дизајнирани да стигнат до топ листите на нов бесплатен софтвер, што ќе ги зголеми нивните шанси да допрат до повеќе корисници.

Се верува дека тие биле преземени помеѓу 150.000 и 200.000 пати пред да бидат отстранети од Play Store и користеле процес од повеќе чекори за „заразување“ на уредите без интеракција со корисникот. Ако ги имате, избришете ги од телефонот.

извор: info.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде