Vrabotuvanje.com - Ретко се чистат: Највалканите работи во хотелските соби
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ретко се чистат: Највалканите работи во хотелските соби

Ретко се чистат: Највалканите работи во хотелските соби

Во истражување спроведено за ABC, микробиологот Чарлс Герба тестирал 9 хотелски соби низ Лос Анџелес, со опсег од 3 до 5 ѕвезди. Имено, тој сакал да открие кои работи во собите се меѓу највалканите.

Се испостави, на изненадување на него и на многу други, дека фенот има повеќе бактерии дури и од тоалетната школка, пренесува The List.

Причината за тоа, вели, е логична – секогаш прво ја чистат кадата, мијалникот и тоалетот, па ја менуваат постелнината. Накратко, се чисти сѐ што најмногу се користи и што веднаш се гледа при влегувањето во просторијата.

Освен фенот, нечист е и клима уредот, тврди поранешниот хотелски менаџер Крис Џонстон. „Ако персоналот на хотелот не ги чисти филтрите, самото вклучување на климата може да предизвика ширење на бактерии и нечистотија.

Затоа, следниот пат кога ќе одите на патување, понесете го вашиот фен ако не можете без него.

извор: popara.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде