Vrabotuvanje.com - Поскапуваат авио билетите ширум светот, вакви се пресметките
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Поскапуваат авио билетите ширум светот, вакви се пресметките

Ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair би можела да ги зголеми цените на билетите ова лето за 10 отсто на годишно ниво поради недостаток на авиони, изјави извршниот директор на компанијата, Мајкл О’Лири.

Поскапуваат авио билетите ширум светот, вакви се пресметките

Тој рече дека проблемите со испораките на авионите „Боинг“ и „Ербас“ ќе го ограничат капацитетот за превоз на патници и со тоа ќе се одразат на зголемувањето на цените, пренесува „Скај њуз“.

„Нашите просечни авионски билети се зголемија за 17 проценти од година во година во летото 2023 година, а тие повторно ќе се зголемат во летото 2024 година“, објави Мајкл О’Лири.

Рајанер во моментов верува дека цената на авионските билети ова лето ќе се зголеми меѓу пет и 10 проценти на годишно ниво.

„Може да биде повисоко од тоа, може да биде пониско од тоа, навистина не знаеме“, рече О’Лири.

Рајанер првично прогнозираше дека ќе превезе 205 милиони патници во фискалната година што завршува на крајот на март 2025 година.

Очекувањата сега се поскромни поради недостигот на авиони.

Со помалку авиони, можеби ќе треба да ја намалиме таа бројка на 200 милиони патници или дури и под тоа, предупреди Мајкл О’Лири.

Извор: denar.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде