Vrabotuvanje.com - ЈАВЕН ОГЛАС: Министерство за образование и наука ВРАБОТУВА!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ЈАВЕН ОГЛАС: Министерство за образование и наука ВРАБОТУВА!

ЈАВЕН ОГЛАС: Министерство за образование и наука ВРАБОТУВА!

      Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 32/2018

 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Министерство за образование и наука 
 

1. УПР 0101Г04000 Самостоен референт за преговори и интеграција, Одделение за преговори и интеграција во Европска унија, Сектор за Европска унија(1) 

Општи услови
  • -   да е државјанин на Република Македонија,
  • -   активно да го користи македонскиот јазик,
  • -   да е полнолетен,
  • -   да има општа здравствена способност за работното место
  • -   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
  • - ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, гимназија или средно стручно образование:управен техничар
  • - најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
   Општи работни компетенции
  • - учење и развој
  • - комуникација
  • - остварување резултати
  • - работење со други/тимска работа
  • - ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • - финансиско управување
   Посебни работни компетенции
  • - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
  • -   Работни денови понеделник-петок
  • -   Работни часови неделно 40
  • -   Работно време од 07:30 до 15:30
  • -   Опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 15.533,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за2018 год. се : Македонец(ка) 1.

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде