Vrabotuvanje.com - ВАЖНО: Од јуни со договор од работодавач добивате термин за германска виза во рок од 2 недели
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ВАЖНО: Од јуни со договор од работодавач добивате термин за германска виза во рок од 2 недели

Во 2018 година беше воведена лотаријата како систем за доделување на термини за аплицирање за германска виза. Оваа година во мај е крајот на тој систем. Во мај оваа година ќе се доделат последните термини за лотаријата за месец Јуни.

ВАЖНО: Од јуни со договор од работодавач добивате термин за германска виза во рок од 2 недели

Од Јули, контигентот на работници кои смеат да дојдат во Германија според правилото Западен Балкан, се зголемува на 50 000 работници годишно.

Олеснувањето е тоа што од Јуни ви треба само работодавач кој треба да направи за вас „vorabzustimmung“, тоа е согласност на заводот за вработување дека за таа работа на германскиот пазар нема доволно работници и е дозволено да се увезат странски работници.

Значи за во МекДоналдс, Бургер Кинг, Амазон, ДХЛ, логистика, негователи…итн, секогаш има потреба од работници и од Јуни немате потреба да чекате термин, треба само да најдете работодавач.

Vorabzustimmung е формулар од 6 страници кој се праќа во заводот за вработување од страна на вашиот работодавач.

Во истиот момент кога работодавачот ќе добие vorabzustimmung вие ја контактирате германската амбасада и наскоро добивате термин.

Тие термини се даваат многу брзо односно термин добивате за 2 до 3 недели.

Ова е едно од најголемите олеснувања за добивање на германска работна виза која доаѓа од Јуни оваа година.

Извор: emigriko.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде