
Со полугодишното усогласување, просечната мартовска пензија ќе биде поголема за 5,3 отсто на сметките на пензионерите.
Вака излегла пресметката со методологијата која го следи растот на просечната плата, а ова го најави доскорешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
- На 1 април што ќе ја земат пензијата за март ќе има ново покачување кое ќе се движи, односно ќе биде 5,3 проценти. Ова е според методологијата донесена во март 2022. Од тогаш за две години имаме за 30 проценти повисоки пензии, рече синоќа Тренчевска.