Vrabotuvanje.com - Електрода Загреб вработува кандидати од Македонија!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електрода Загреб вработува кандидати од Македонија!

Електрода Загреб вработува кандидати од Македонија!

Електрода Загреб д.д. низ своето 75-годишно постоење, се позиционираше како водечка фабрика за дополнителни материјали за заварување во овој дел од Европа. Инвестираме во модернизација на опрема, обука и едукација, како и во научна и истражувачка работа. Основата на нашиот бизнис е секогаш зголемувањето на квалитетот, кој се заснова на аналитичко истражување на пазарот, развиена развојна и деловна политика, се со цел задоволување на потребите на пазарот и клиентите.

Место на работа: ​ЗАПРЕШИЌ (ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА)

Со цел понатамошен развој на нашиот бизнис, вработуваме:

Токар во производство (м/ж)
линк за повеќе детали и аплицирање

Електричар во производство (м/ж)
линк за повеќе детали и аплицирање

Што Ви нудиме?

  • Стабилна, брзорастечка компанија со 75 годишно искуство и повеќе од 90 вработени
  • Конкурентна плата (атрактивна почетна плата повисока од просекот на пазарот на труд, која брзо ќе расте во зависност од работата и мотивацијата)
  • Бонуси, награди и стимулации (месечен нето стимул за работни резултати и присуство, квартални и годишни бонуси и награди според резултатите од работата и специјални награди по повод Велигденските и Божиќните празници и пред летниот распуст)
  • Договор за вработување на неопределено време со пробен рок од 3 месеци
  • Полно работно време од понеделник до петок
  • Платен нето надоместок за трошоци за храна
  • Платени нето трошоци за јавен превоз
  • Повеќе денови на одмор и платено отсуство (наша практика е колективниот летен и зимски одмор)
  • Слободни денови или платено отсуство во посебни ситуации (на пр. свадба, раѓање на дете итн.).
  • Сместување за нашите работници кои доаѓаат да работат кај нас од странство
  • Добар тим од различни профили и возрасти, отворена работна средина каде секој се чувствува како дел од тимот

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде