Vrabotuvanje.com - Во Куманово, Тетово и Чаир се раѓаат најмногу бебиња, а најмалку во Зрновци, Лозово и Вевчани
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во Куманово, Тетово и Чаир се раѓаат најмногу бебиња, а најмалку во Зрновци, Лозово и Вевчани

Со 970 новородени бебиња, општина Куманово е рекордер во Македонија по живи и здрави бебиња во 2022 година. Веднаш по неа, следуваат општините Тетово со 963 и Чаир со 916 бебиња.

Во Куманово, Тетово и Чаир се раѓаат најмногу бебиња, а најмалку во Зрновци, Лозово и Вевчани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, во Република Северна Македонија се родени вкупно 18 183 деца, од кои живородени се 18 073, а мртвородени 110.

Бројот на живородените деца во 2022, во споредба со минатата година, е намален за 3.1 %. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа од 51.2 %, односно на 100 живородени женски деца 104.8 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања, 1 717, имало во месец јули.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 33.2 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.4 години, а кај прворотките 27.7 години.

Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1993 година. Во 2022 година се регистрирани 17 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години.

Вонбрачни живородени деца се 2 298 или 12.7 % од вкупниот број на живородените деца.

Извор: 4news.mk
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде