Vrabotuvanje.com - Открила „дупка“ во системот, па бесплатно точела гориво со месеци
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Открила „дупка“ во системот, па бесплатно точела гориво со месеци

Откако бензинската станица добила нови компјутери за наплата, 45-годишната жена од Линколн, Небраска, открила дека може бесплатно да дополни гориво ако два пати по ред повлече својата картичка за лојалност на пумпата.

Открила „дупка“ во системот, па бесплатно точела гориво со месеци

Ја користела оваа грешка во системот речиси една година и дополнила гориво 510 пати, а не платила ништо и направила штета од речиси 28.000 долари на бензинската пумпа.

Се почнало така што жената забележала дека пумпата преминала во демо режим првиот пат кога два пати по ред ја провлекла картичката за лојалност кај операторот на пумпата. Во демо режим, пумпата работела без наплата.

Жената ја злоупотребувала оваа мана на системот меѓу ноември 2022-ра и јуни и 2023-та година. Ја користела својата картичка за лојалност неколку пати дневно, па дури и за да дополни гориво за други возачи на кои им го наплаќала горивото со попуст.

Бидејќи картичката за лојалност не била правилно користена, не собирала наградни поени. Меѓутоа, бензинската станица ја контактирала полицијата бидејќи нејзините сметки не биле во ред.

По истрагата, ја пронашле преку картичката за лојалност, а нејзиниот идентитет го потврдиле на камерите на бензинската станица.

Кога полицијата ја контактирала, таа тврдела дека точела гориво по намалена цена. Била уапсена на 6-ти март, а судијата и одредил кауција од 7.500 долари до судењето на 11-ти април.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде