Vrabotuvanje.com - АКО ЧЕКАТЕ ПАКЕТ ОД ЗАРА, ЌЕ ПОЧЕКАТЕ: Доцнат испораките, еве која е причината
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

АКО ЧЕКАТЕ ПАКЕТ ОД ЗАРА, ЌЕ ПОЧЕКАТЕ: Доцнат испораките, еве која е причината

Најголемиот светски продавач на облека Inditex истакна дека просечните времиња на испорака се одложени за околу една недела поради кризата во Црвеното Море, бидејќи контејнерските бродови што ги превезуваат производите на компанијата го избегнуваат Суецкиот канал и патуваат низ јужниот дел на Африка.

АКО ЧЕКАТЕ ПАКЕТ ОД ЗАРА, ЌЕ ПОЧЕКАТЕ: Доцнат испораките, еве која е причината

„Трошоците за испорака можеби се зголемени како резултат на поголемата потрошувачка на гориво и извонредните пречекорувања на трошоците. Оваа ситуација досега немаше значително влијание врз нашиот бизнис“, се вели во годишниот извештај на Inditex објавен денеска, пренесува Reuters.

Текстилниот гигант Inditex, сопственик на неколку модни брендови како Zara, Bershka, Pull & Bear, Oysho и други, објави дека прекинот на превозот досега најмногу влијаел врз бизнисот на компанијата поради конфликтот на Блискиот Исток.

Јеменските Хути продолжија да напаѓаат бродови на една од најпрометните бродски линии во светот од ноември, поради, како што велат, солидарноста со Палестинците за време на израелската војна со Хамас во Газа.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде