Vrabotuvanje.com - Цените на становите во Скопје намалени за прв пат по подолго време
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Цените на становите во Скопје намалени за прв пат по подолго време

Цените на становите во Скопје намалени за прв пат по подолго време

Во првото тромесечие од годината цените на становите во Скопје бележат раст за 4,7 отсто на годишнo ниво, според новобјавениот квартален индекс на Народна банка.

Во однос на претходниот квартал - четвртиот од ланската година, тие бележат пад од 0,8 проценти. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

За потсетување, во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво.

Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора на Северна Македонија, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани. 

- Цените на становите за изминатиот период не се реални, но се очекувани  согласно тоа кои се сега во игра како градители на станови.  Кога сопствениците на парцели за градба видоа дека градителите ги покачија цените на становите и тие ги зголемија нивните  услови. Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега стасува и до 40 проценти од земјиштето, изјави Велковски. 

Поголемиот проблем, дополнува, е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците  на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак ги покачија условите и цената. 

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде