Vrabotuvanje.com - Убава вест за возачите: Македонскиот М-Таг за патарини работи во Македонија и Србија, а од следната година и во Грција
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Убава вест за возачите: Македонскиот М-Таг за патарини работи во Македонија и Србија, а од следната година и во Грција

„Во текот на следната година со таг од Северна Македонија ќе може непречено и без застанување да се поминува и низ патарините во Грција“ најави министерот за транспорт и врски.

Убава вест за возачите: Македонскиот М-Таг за патарини работи во Македонија и Србија, а од следната година и во Грција

Денес беше активирана електронската и бесконтактна наплата на патарините (М-таг и М-кард) и на првата патарина од Коридор 8, односно наплатната станица Глумово, автопат Скопје – Тетово.

„Ова се придобивките од иницијативата Отворен Балкан кои во делот на патарините за прв пат станаа достапни во јуни 2023 година со воведување на заедничкиот интегриран систем за електронската наплата на патарина меѓу Северна Македонија и Србија“ наведе Бочварски.

Министерот додаде дека во моментов возачите можат да поминуваат низ македонските и српските патарини без да застануваат – рампите се креваат автоматски штом се доближи возилото, а наплатата оди електронски.

Извор: centar.mk

 
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде