Vrabotuvanje.com - КОЈ КОЛКУ ДОЛЖИ – УЈП ја објави Листата на должници
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

КОЈ КОЛКУ ДОЛЖИ – УЈП ја објави Листата на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.04/2024 за долгови доспеани до 31.12.2023 и неплатени до 31.03.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

КОЈ КОЛКУ ДОЛЖИ – УЈП ја објави Листата на должници

На Листата на должници бр.04/2024 објавени се 1831 должници – правни лица (повеќе за 30 од претходната листа) и 3679 физички лица (повеќе за 73 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2024 изнесува 10.376.482.960 денари, (повеќе за 547.474.254 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.216.129.116денари, (повеќе за 588.809.550 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 160.353.844 денари (помалку за 41.335.296 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

Извор: denar.mk

 
 
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде