Vrabotuvanje.com - Дали фриленсерството во Македонија има иднина?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дали фриленсерството во Македонија има иднина?

Фриленсерството во Македонија стана водечка работна позиција кај младите. Со цел да се унапреди и зајакне, денеска ќе се одржи тркалезна маса, во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на САД.

Дали фриленсерството во Македонија има иднина?

На настанот е предвидено да се дискутира за новите нестандардни форми на вработување, со фокус на промовирање на фриленсерството преку дигитални платформи, како и можноста за самовработување и генерирање на дополнителни приходи.

Од фондацијата ,,Импакт”, соопштија дека: ,,Фриленсерите се мотивирани од самостојноста, флексибилноста и можноста да се работи на иновации кои генерираат заработка. Меѓу главните предизвици со кои фриленсерите се соочуваат, се неможноста за остварување на  работнички и социјални права, но и отсуството на форма во законодавството, како и многу други прашања за кои е потребен одговор и решение.”

Извор: telma.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде