Vrabotuvanje.com - Алкалоид апсолутен победник, Пивара, Телеком и ТАВ меѓу најатрактивните компании за вработување - Настан Работодавач на Годината
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Алкалоид апсолутен победник, Пивара, Телеком и ТАВ меѓу најатрактивните компании за вработување - Настан Работодавач на Годината

Синоќа 17 Април 2024 во Хотелoт Лимак, Скопје се случи втората по ред Манифестација за избор на наjпосакуван работодавач „Работодавач на годината“, а во организација на првиот сајт за огласи за работни места во земјава Вработување.ком

Алкалоид апсолутен победник, Пивара, Телеком и ТАВ меѓу најатрактивните компании за вработување - Настан Работодавач на Годината

Концепирана како Оскари за работодавачите, оваа манифестација прв пат се случи минатата година оддавајќи им признание на најпосакуваните, но и предизвикувајќи ги помалку атрактивните.

Оваа година пред присутни 300 посетители македонски и странски компании, им се оддаде признание на најатрактивнте за 2023 година, кои со своите огласи и објави предизвикале најмногу внимание кај посетителите на сајтот, а и спроведената анкета за привлечноста на компаниите за вработување ја потврдува нивната атрактивност.

Манифестацијата ја отвори Генералниот менаџер на Вработување.ком Дарко Велков, кој нагласи дека ова е еден исклучително тежок период за пазарот на труд и токму заради тоа ваквата манифестација е охрабрувачка за сите компании кои се дел од македонскиот бизнис.

- Вечерва нема да има губитници, ќе имаме наградени и мотивирани. Ќе имаме предизвикани и предизвикувачи. Вечерва сите овде присутни сме победници затоа што заеднички опстојуваме и се бориме за човечки ресурси, се бориме со миграциите, со инфлацијата и со пребрзото технолошко менување на светот. Но, ќе заклучам ако во маката јунакот се познава тогаш сите ние овде присутни компании сме јунаци - заклучи Велков.

Беа доделени награди во вкупно 8 категории, а една копанија ја доби титулата апсолутен победник.

Добитници на наградите :

  1. Најпосакувана болница за вработување АЏИБАДЕМ СИСТИНА
  2. Најпосакуван маркет за вработување ЛИДЛ
  3. Најпосакувана компанија за вработување во категорија храна и пијалоци СКОПСКА ПИВАРА
  4. Во категоријата најпосакувана банка за вработување добитник е КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
  5. Најпосакувана компанија од категоријата странски инвестиции е ЏОНСОН МЕТИ
  6. Најпосакувана компанија од нафтената индустрија е МАКПЕТРОЛ
  7. Најпосакуван телекомуникациски оператор во кој граѓаните со задоволство би се вработиле е ТЕЛЕКОМ
  8. Во категоријата најпосакувана компанија за транспорт и логистика добитник е ТАВ МАКЕДОНИЈА

Апосолутен победник пак, во однос на сите добитници, според бројот на гласови на анкетата и направената статистика на број на прегледи како и интересот на апликантите за нивните објави на сајтот Вработување.ком, е компанијата АЛКАЛОИД која со оваа титула се закити и минатата година.

Останувајќи и оваа година прва компанија во која луѓето без размислување би се вработиле, АЛКАЛОИД ја докажа својата апсолутна доминација во однос на посветеноста на своите сегашни и идни вработени.

Заблагодарувајќи се за наградата Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје Живко Мукаетов им одаде признание на своите 3000 вработени потенцирајќи ги годините на опстојување и традиција на Алкалоид - вкупно 88.

Нагласи дека и понатаму вистинските вредности ќе бидат на прво место во нивната компанија, дека им е чест што по втор пат се одбрани за најатрактивна компанија за вработување во Македонија и изрази надеж дека и во останатите 22 единици кои се надвор од Македонија во иднина ќе го добијат ова признание.

На манифестацијата беше доделена и една специјална награда.

„Работодавач со најуспешен ребрендинг раст“ која отиде во рацете на РЕПЛЕК, а за „Најуспешна емплоер брендинг кампања“ статуетката отиде во рацете на Флекс Кредит.

Организатор и творец на наградната манифестација е сајтот Вработување.ком кој прослави и 21 година од своето основање а од минатата година е во сопствеништво на финската компанија за огласи за работа Алма Кариера која работи во 11 европски земји, вклучувајќи ја Хрватска, Босна, Словенија, Словачка, Чешка, Естонија, Литванија, Латвија, Финска и Македонија.

Водител на настанот беше актерот Гораст Цветковски. 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде