Vrabotuvanje.com - Нето плата 33.998 денари: ЈСП ВРАБОТУВА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Нето плата 33.998 денари: ЈСП ВРАБОТУВА

Нето плата 33.998 денари: ЈСП ВРАБОТУВА
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ –  287/2018

за вработување на  1 јавен службеник од група I, подгрупа II во Јавно сообраќајно претпријатие Скопје за следните работни места


1. КДР0102Б03015 Помошник раководител на сектор за јавни набавки(1) извршител(и)

Општи услови
-   да е државјанин на Република Македонија,
-   активно да го користи македонскиот јазик,
-   да е полнолетен,
-   да има општа здравствена способност за работното место,
-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки или Организациони науки и управување (менаџмент)
- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

   Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување

   Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Дополнителни услови
- потврда за положен испит за јавни набавки

Распоред на работно време
-   Работни денови понеделник-петок
-   Работни часови неделно 40
-   Работно време од 07:30 до 15:30
-   Опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Паричен нето износ на плата: 33.998,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Турчин(ка) 1.

Целиот оглас може да го прочитате на ЛИНКОТ

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде