Vrabotuvanje.com - ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОМУ МУ Е СЕЕДНО - возачи, РКЕ ги објави цените
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОМУ МУ Е СЕЕДНО - возачи, РКЕ ги објави цените

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45 проценти во однос на претходната одлука.

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОМУ МУ Е СЕЕДНО - возачи, РКЕ ги објави цените

Од 29.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  87,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 98  91,00(денари/литар)
  • Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  85,50 (денари/литар)
  • Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  85,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС      48,715 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 87,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.9.2023 година.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде